459
Лидерот на ЛДП и републички пратеник, Горан Милевски, попладнево бил физички нападнат на плоштадот во Скопје.
Случајот е пријавен во полициската станица Центар, а пратеникот побарал медицинска помош.
“Во 16,30 часот Г. М. пријави дека додека се движел по плоштад Македонија бил нападнат од едно лице. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот”, велат од МВР.