441
Или да се имплементира договорот од Пржино со сите важни реформи или да нема избори во април, порача лидерот на ЛДП Горан Милевски.
– Не смееме да дозволиме да се организираат уште едни лажни избори во Македонија по нотите на Никола Груевски. Ако Договорот од Пржино не се испочитува и, пред се, не успее да заживее, ако не почне да се спроведува на дело се она што го сметаме дека е ургентно, тогаш нашиот став ќе биде изборите во април да се одложат. Јавноста гледа дека со спроведувањето на договорот се доцни. Во оваа држава избори треба да има само тогаш кога ќе има можност тие да се организираат слободно и фер, а не под палката на диригентот Груевски – рече Милевски.