Миленко објавил снимка од судење, Кривичен бара од обвинителството кривично да го гони

by fokus

Кривичниот суд бара од обвинителството кривично да го гони Миленко Неделковски, бидејќи на фејсбук објавил снимка од судско рочиште, на кое му се суди за ширење на говор на омраза. Потоа снимката, која е тајна, и само за судска употреба, ја објавиле и неколку портали.

Од судот информираат дека со објавувањето на снимката е прекршен членот 366, Одавање службена тајна, што се казнува со казна затвор од три месеци до пет години.

Рочиштето се одржало на крајот на мај, а обвинетиот побарал снимка, која потоа осамнала на неговиот фејсбук профил.

На Неделковски му се суди поради статус за катастрофалните пожари во Грција, со кој повика на говор на омраза.

Поврзани новости