Миле Зечевиќ поднел оставка од Надзорниот одбор од Стопанска банка Битола

by fokus

Миле Зечевиќ кој е генерален секретар на владејачката СДСМ поднел оставка од функцијата независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка АД Битола.

Од Банката вчера оваа информација ја објавија преку Македонската берза, а според објавеното Зечевиќ ја поднел оставката до Собранието на акционери на Банката на 30 август, односно пред еден месец.

Во поднесената оставка, Зечевиќ навел дека оставката ја дава од лични причини заради зголемени професионални обврски во останатите работни ангажмани и истата стапува во сила со денот на комплетирање на составот на Надзорниот одбор.

-Согласно член 73 од Статутот на Стопанска банка Битола, во случај на предвремено престанување на функцијата на член на Надзорниот одбор, на првата наредна седница на Собранието на Банката се вршат избори за испразнетите места за остатокот односно полниот мандат, велат од Банката.

Спојувањето на „Комерцијална“ и „Стопанска банка Битола“ може да ја концентрира моќта на едно место

Поврзани новости