Миле Јанакиески: Ќе докажеме дека Космос беше класична дивоградба

by Fokus

Поранешниот министер за транспорт и врски  Миле Јанакиески на денешното судско рочиште за ТНТ истакна дека судот ќе има лесна задача при носењето на одлуката бидејќи, како што рече објектот Космос бил законски срушен..

-Од доказите во предметот ќе докажеме дека се работи за класична дивоградба. Прекршен е законот за градење, односно изградено е едно ниво помалку, но и изградбата е почната пред законскиот рок, рече Јанакиески.

Тој истакна дека Цановски вака градел исклучиво заради финансиски причини од 1.2 милиони евра.

Јанакиески додаде и дека го радува фактот што од 670 списи распослани на 2.000 страни, само еден доказ е во полза на СЈО. А, тоа е вештачење кое ќе го оспорат бидејќи било изработено од нивен политички опонент.

Тој заврши со забелешката дека ова е можеби политички мотивиран процес против нив.

В.В.

Поврзани новости