Милчин: Врати се дома, Заев, време е за тајм аут во преговорите со Грција

by fokus

Професорот Владимир Милчин, кој до сега многу пати апелираше на заштита на македонскиот идентите во преговорите за името, и кој е против промена на уставот под притисок на Грција, порачува дека е потребна пауза на преговорите.

„Врати се дома, Заев, време е за тајм аут во преговорите со Грција. Граѓаните се нестрпливи со право, бараат социјална правда и казнување на криминалците, без оглед на партиската и етничката припадност. И бараат пристојност и ограничување на привилегиите на властодршците“, напиша Милчин на својот фејсбук профил, откако официјална Атина го одби предлогот „Република Илинденска Македонија.

 

Поврзани новости