444
Македонскиот режисер Владимир Милчин, смета дека датумот за отпочнување на преговори за ЕУ и НАТО е најпотребен за граѓаните на Македонија.
„Мислам дека целата оваа работа е извртена. Датумот за преговори не е потребен само за владата, која и да е. Тој е потребен на граѓаните. Неверојатно е како работите се политизираат и извртуваат во борбата за власт. Преговорите ќе ја дисциплинираат власта, која и да е“, вели Милчин