Милановиќ: Кој нема да ги блокира Финска и Шведска во НАТО е предавник

by Fokus

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека ќе го прогласи за предавник секој кој нема да го блокира влезот на Финска и Шведска во НАТО, додека Хрватите во БиХ не добијат писмена гаранција дека изборниот закон во БиХ ќе се промени.

-Жал ми е за Хрватска, ќе се борам со сите сили да не им се даде простор на овие луѓе да ја уништат државата… Немам парламентарно мнозинство кое не сум го украл како (премиерот Андреј) Пленковиќ, туку сум го заработил тоа на избори, рече Милановиќ во Вараждин Меѓународниот ден на трудот – 1 мај.

Поврзани новости