Oблачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

by irena 07:55
07:55

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат до 16 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 24 степени Целзиусови.

И за време на викендот времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд и дневни температури до 22 Целзиусови степена.

Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Слични вести