514
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ смета дека Косово и е украдено на Србија, пренесува Индекс.хр.
Тој ова им го кажа на новинарите во Петриња, зборувајќи за војната во Украина и сличностите меѓу Крим и Косово.
„Го анектиравме Косово. Ние и меѓународната заедница. Тоа беше одземено од Србија. Кој го направи тоа освен ние?“, истакна Милановиќ.