Еленко Миланов, адвокат на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа -Милеска за „Фокус“ потврди дека утринава во домот на Канческа Милеска бил извршен претрес од страна на истражители од СЈО.
-Беше извршен претрес во домот на Канческа-Милеска, и тоа на електронски уреди и енвентуално документација, вели адвокатот Миланов, кој додава дека станува збор за предистражна постапка која ја води СЈО.
Ова значи дека „таргет“ на истражителите им бил компјутерот, лаптопот и мобилниот телефон, но и други електронски уреди кои ги поседува поранешната министерка.
Од СЈО, пак, засега не излегуваат со детали за извршениот претрес кај поранешната министерка. Не соопштуваат ниту детали за претресот кој утринава го извршија во домот на Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на Владата.
В.В.