Милан го постигна најбрзиот гол во историјата на Серија А

by Fokus

На натпреварот од 13. коло на италијанскиот фудбалски шампионат тимот на Милан постави нов рекорд во Серија А. „Росонерите“ попладнево на гостувањето кај Сасуоло го постигнаа најбрзиот гол во историјата на лигата.

Напаѓачот Рафаел Леао се запиша во листата на стрелците по само 6,2 секунди по почетокот на натпреварот. После 25 минути игра, Салемакерс го постигна и вториот гол за Милан, додека пак Берарди во 89-та минута се запиша во листата на стрелците за Сасуоло, недоволен за поволен резултат против Милан (1-2) .

Со оваа победа, тимот на Стефано Пиоли останува на лидерската позиција на табелата со 31 бод, еден повеќе од второпласираниот Интер.

Поврзани новости