Во Нагорно-Карабах пронајдени сокриените тела на 22 ерменски војници

by Fokus

Спасувачките екипи, кои работат во службите за итни случаи во Нагорно-Карабах, денеска ги пронашле 22 ерменски војници, чии тела беа сокриени од локациите каде што се одвиваа воените операции, информира прес-службата на Министерството за вонредни состојби на Нагорно Карабах. .

„Спасувачките екипи ги тргнаа телата на 22 војници од Гордаиз, Џебраил и Ишандзор“, се наведува во текстот што го пренесе Тасс.

Во Нагорно-Карабах од 9 ноември на сила е примирје, а руските мировници го следат спроведувањето на договорот.

Поврзани новости