Мила Рељиќ освои златен медал на меѓународниот натпревар Скопје Рамус Г1 Опен.
Во категорија -62кг Мила оствари победи над Тамара Сево од Србија со 2:1 во рунди, над Зое Гуели од Унгарија со 2:0 во рунди и над Надја Савковиќ од Србија со над 2:1 во рунди.
Надја Савковиќ е 11 на светска ранг листа, а нашата Мила е 10-та.
Ова е прва победа над Надја која доаѓа од еден од најдобрите клубови во светот, а нејзиниот тренер Драган Јовиќ до сега трипати е избран за најдобар тренер во светот, со неколку олимписки и светски медали во кариерата.
Претходно од Надја имавме два многу тесни порази, но во вистинските моменти Мила го покажа шампионскиот сјај кога најмногу требаше, информираат од нејзиниот тим.
Ова се нови 10 поени за светската и олимписката ранг листа за Париз 2024.
Следни големи натпревари се Светското првенство во мај во Азербејџан и Европските Олимписки игри во јуни, во Полска.
На натпреварот во Скопје имаше натпреварувачи од 36 земји меѓу кои и Австралија, Америка, Бразил и бројни светски и олимписки медалисти.