Мила Рељиќ освои бронза на Европското клупско првенство во Софија

by Фокус

Нов голем успех на нашата таеквондистка Мила Рељиќ, која со 3 победи освои бронзен медал на Европското клупско првенство во Софија.

Во првото коло Рељиќ беше поуспешна во рунди 2:1 против Ива Петровиќ од Србија, а во второто коло беше подобра од Латвијката Инес Тарвида, исто така со 2:1 во рунди.

Во борбата за медал, Мила беше поуспешна од Хелена Кичема од Хрватска со 2:0 во рунди. Хелена е актуелна европска вицешампионка до 21 година.

Во полуфиналето, Мила изгуби од Јоланта Тарвида (сестра на Инес Тарвида).

Со овој медал, Рељиќ чекори кон медал на претстојното светско првенство во Баку, Азербејџан на почеток на јуни и Европските олимписки игри кон крај на јуни во Краков, Полска.

Инаку, Рељиќ има поддршка од Македонска таеквондо федерација, Агенција за млади и спорт, Македонски олимписки комитет и Општина Гази Баба, како и од тренерот Александар Ефтимов.

Поврзани новости