Мики Јовановски Џафер со концерт ќе одбележи 50 години на естрадата

by Fokus

Музичарот Мики Јовановски Џафер, со концерт ќе одбележи јубилеј, пет децении на македонската музичка сцена. Настанот ќе се одржи во Јавна соба Скопје на 13-ти април, со почеток од 21 часот, а влезниците по цена од 550 денари се пуштени во продажба.

Како што истакнуваат од организацијата на концертот, Мики Јовановски Џафер е македонски рок музичар, брилијантен вокал, неуморен перфекционист, човек кој слуша и креира музика, и кој остави траен белег на македонската музичка сцена.

Во текот на петдецениската кариера соработувал со многу музичари, а бил член на многу бендови: Солзи, Бангла Деш, Мост, Република 903, Разбој, Леб и сол, Автограм, Бодигардс, Тоа е тоа и др..

Незаборавен е како интерпретатор на љубовната „Сонце за три света“, која беше прогласена за песна на деведесетите и влезе во историја на македонската музика. Изведбата на “Макфест“ во 1993, „Сонце за три света“ освои награда за најдобар текст, а Мики Јовановски Џафер награда за интерпретација.

Добитник е на награда „Златна бубамара на популарноста“ за трајни вредности. Оваа престижна награда е всушност потврда за музичкиот траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и на рок-музиката. „Лага и измама“, „Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“, „ Џоле бре гол“ и незаборавната „Сонце за три света “.

Вики Клинчарова

Поврзани новости