517
Главниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ е во министерството, му вели долгогодишниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на шефот на тајната полиција, Сашо Мијалков.
Во уште еден од разговорите што ги објави СДСМ, Јанакиески разговара и со помалиот брат од Мијалкови – Влатко, кој предлага концепт секој вработен по институциите да донесe по 20 гласови.
– Така си создаваме широка мрежа и си го решаваме проблемот – вели помалиот од браќата Мијалкови, додавајќи дека со тоа обезбедуваат базен на гласови.