Мијалков немал што да го праша Верушевски за „бомбите“

by fokus

На денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ одбраната требаше вкрстено да го испрашува сведокот Зоран Верушевски, но тие се откажаа од ваквото право.

-Немаме прашања, му се обрати обвинетиот Сашо Мијалков на судот.

Обвинителката Ленче Ристеска претходно побара од судот да постави дополнителни прашања на сведокот Верушевски, но судот го одби ваквото барање. Откако одбраната се откажа од своето право да испрашува, обвинителката Ристеска повторно побара да го испрашуваат сведокот, на што одбраната се спротистави, но судот го прифати барањето.

Судењето е во тек.

В.В.

Поврзани новости