И таткото на Боки 13 не чувствува вина

by fokus

Заврши распитот во Кривичниот суд и на Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски-Боки 13, кој е еден од осомничените во проширената истрага за „Рекет“ на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Во кратката изјава за ТВ21 која ја даде по распитот, Миле Јовановски, рече дека не знае зошто е осомничен. Тој додаде дека не чувствува вина и негираше дека присуствувал на состаноците за изградба на домови.

Претходно на распит беше и пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, која исто така пред новинарите рече дека не чувствува вина.

Против нив се бараат мерки на претпазливост, како одземање на патната исправа и забрана за напуштање на живеалиштето, за кои судот треба да одлучи денеска.

Поврзани новости