Мијалков на 8 август треба да се пријави да преспива во затворот во Струга

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на 8 август треа да се јави во Казнено поправниот дом во Струга каде треба да ја издржува тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, потврдија за „Фокус“ од Охридскиот суд.

Според информациите од таму, упатниот акт е издаден, но и тој како и сите осуденици може да бара одложување на изршувањето на казната под услови коишто ги пропишува Законот за извршување на санкции.

Упатниот акт од Охридскиот суд следува откако Мијалков експресно ја промени адресата на живеење од Скопје во Охрид истиот ден откако се спогоди со Обвинителството да плати 36 милиони евра и да лежи три години затвор за случајот „Империја“.

Претходно, на 1 јули во затворот во Струга влезе и осудениот бизнисмен Орце Камчев, каде сам се пријавил за да ја издржува затворската казна од една година, откако се спогоди со Обвинителство. Тој плати и околу 5 милиони евра затаен данок.

Во овој затвор каде осудените одат само за преспивање се и останатите обвинети за „Империја“, но и Зоран Милевски Кичеец кој имаше комуникација и со Камчев и со Мијалков, а беше осуден за случајот „Рекет“.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости