Како Мијалков, со пиштол, го минал аеродромското обезбедување во Скопје?

by Фокус

И српските медиуми доцна синоќа објавија за приведувањето на Мијалков на аеродромот во Белград, поради поседување пиштол. Српски Курир, кој за Мијалков вели дека е еден од најмоќните Македонци отвора дилема, како Мијалков можел да се качи на авионот во Скопје, а притоа да има пиштол во куферот.

„Човекот беше мирен, не правеше проблеми кога му беше пронајдено оружјето. Тој се правдаше дека заборавил да го остави и дека на аеродромот во Скопје не го провериле, што на сите ни беше чудно“, изјавил анонимен извор за Курир.

Веста за апсењето ја објави и Блиц.

Инаку, Фокус јави дека полицијата во куферот му открила пиштол по што настанала паника и хаос меѓу полицијата и патниците. Извори од белградскиот аеродром за Фокус ја потврдуваат веста и дополнуваат дека подоцна Мијалков бил пуштен, откако се утврдило кој е и откако интервенирале повисоки полициски старешини.

Друг извор пак, вработен во граничната полиција на тамошниот аеродром ни потврди дека пиштолот е калибар 7.62 со пет куршуми и дека за да биде ослободен Мијалков морал да заврти телефон, а на помош пристигнал висок функционер на српската полиција. Секако, како што пренесува полицаецот, тие реагирале затоа што не знаеле за кого се работи, а подоцна ништо не им било објаснето кога морале да го ослободат Мијалков.

целата вест прочитајте ја ТУКА

Поврзани новости