Мијалков излегува на слобода

by fokus

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ќе излезе на слобода, бидејќи му е укинат притворот, а во замена е прифатена неговата гаранција од 11 милиони евра.

Информацијата за “Фокус” ја потврдија од Апелационилт суд, кој му ја прифати гаранцијата, а која ќе му биде одземена во случај да избега.

Мијалков на истиот начин се обиде да излезе од Шутка и пред шест месеци, но тогаш вишиот обвинител Бурим Рустеми се спротивстави и Апелација не му дозволи излез.

Мијалков пред неколку месеци беше осуден на 8 годишна казна затвор за случајот „Трезор“. За случајот со нелегалното масовно прислушување „Таргет и Тврдина“, пак, поранешниот директор на УБК беше осуден на казна затвор од 12 години.

В.В.

 

Поврзани новости