Мијалков и Ибраими веќе се во Шутка, Тачи доби мерки на претпазливост

by fokus

Сашо Мијалков и Бедредин Ибраими кои денеска од судот добија затворски казни попладнево се спроведени во притвор во Затворот Скопје – Скопје. Информацијата ја потврди директорот на затворот Ѓоко Котевски.

Притворот беше побаран од обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи откако судот ја соопшти пресудата за предметот „Титаник 2“, а поради постоење опасност од бегство.

Ибраими доби затворска казна од четири години и шест месеци, а Мијалков три години затвор.

Мерка за претпазливост е изречена за Мендух Тачи, кој е осуден на три години и два месеци затвор, како и за Сашо Срцев,  Анета Стефановска и Влатко Сајковски, кои беа осудени на три години затвор.

Поврзани новости