1K
Сашо Мијалков преку својот тим за односи со јавност во изјава за „Фокус“ вели дека фотографијата со Артан Груби која денеска стана актуелна на социјалните мрежи и медиумите е стара и нема врска со актуелните случувања.
-Фотографијата со господинот Мијалков и господинот Груби е стара, од пред неколку години и нема врска со актуелните случувања. Истата фотографија кружеше по социјалните медиуми и пред две години. Значи, се работи за класичен спин, изјавија од тимот на Мијалков.
К.С.