469
По речиси два часа распит Сашо Мијалков, екс директорот на УБК излезе од просториите на СЈО.
Тој не сакаше да даде изјава пред новинарите – кусо прокоментира дека тоа ќе го стори во друга прилика. Мијалков е првоосомничен во случајот „Тортура“, поточно за сурово и нечовечко апсење на Љубе Бошкоски во 2011 година.
Случајот „Тортура“, СЈО пред јавноста го презентираше на 28 март, а истрагата е отворена поради грубото и непрофесионално апсење на лидерот на Обединети за Македонија, Бошкоски.
В.В.