Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, сведочеше на денешното рочиште за случајот “Монструм”.
Мијалков за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро рече деке дознал половина час после убиството. Случајот го водело Бирото за јавна безбедност (БЈБ), а Управата за контраразузнавање (УБК) била вклучена со помагање во информации.
-УБК беше присутна во својство и улога на собирање на информации по однос на оперативни сознанија. За овој случај беа ангажирани сите ресурси на УБК и БЈБ, рече Мијалков одговарајќи на прашање на обвинителката Фатиме Фетаи.
Обвинителката му читаше дел од негови разговори поврзани со случајот, но Мијалков на поголемиот дел не се сеќаваше.
Па така не се сети ниту за каква анализа зборувал со тогашната министерка Гордана Јанкулоска.
-Правени се многу анализи, но за оваа конкретно анализа не можам да се сетам, одговори Мијалков.