Мијалков бил во СЈО бидејќи барал увид во повеќе предмети

by Fokus

Поранешниот шеф на тајната служба, Сашо Мијалков заврши со распитот во Специјалното јавно обвинителство. По три часа, тој излезе од просториите на СЈО, без да даде коментар за медиумите.

Како што дознава „Фокус“, Мијалков денеска во СЈО се појавил по сопствена иницијатива и побарал увид во неколку предмети во кои се јавува како осомничен.

Од она што досега е познато во јавноста, тој е осомничен во случајот „Таргет“, за нелегалното масовно прислушување, во случајот „Тврдина 1“, за уништувањето на опремата за прислушување и во случајот „Тортура“, за апсењето на Бошкоски.

Поврзани новости