551
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговор меѓу шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и првата полицајка Гордана Јанкулоска од која Мијалков бара во МВР да се вработат 1.000 луѓе, од кои на него му требат само 100 за оператива.
– Вложивме толку пари за опрема, а немаме доволно луѓе – тврди Јанкулоска во телефонскиот разговор со Мијалков.
Но, веќе во другиот разговор меѓу неа и Зоран Ставрески, таа вели дека таа не е буџетот и дека од неа се бара да ги вработи сите тие луѓе. Првиот финансиер вели дека треба да му каже на шефот дека нема пари за сите тие луѓе, па нека тој си среди. Исто така, Ставрески вели дека во музеите и библиотеките се вработени сите нивни миленичиња.