СДСМ: Гешкоска за обвинител ја поставил Сашо Мијалков

by Фокус

Објавувајќи ја 20-та бомба, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави и прислушувани разговори меѓу владини функционери кои според него докажуваат узурпација на судството, односно покажуваат како со партиски договор се бирале обвинители.

Заев објави разговор меѓу министерката за внатершни работи Гордана Јанкулоска со првиот човек на УБК, Сашо Мијалков, кој според него, покажува местење на обвинителката Гордана Гешкоска за скопски јавен обвинител.

-Ќе ја бираме Гордана Гешкоска за обвинителка на Скопје. Дали ти имаш некои силни ургенции, ја прашува Мијалков минситерката Јанкуловска. Таа пак му враќа дека нема некоја силна ургенција и дека се ограничени, бидејќи во судството мора да се поставуваат кадри со завршена Академија. На крајот според СДСМ, се договараат како обвинител да ја изберат и сопругата на член на лустрациската комисија, од Кичево, кој одработувал за нив.

На крајот се слушна и разговор меѓу Јанкуловска и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, кој го коментира неодамна избраниот претседател на судскиот совет Бранко Ушковски, кој според него немал никаква врска со судството.

Поврзани новости