Поранешниот уредник на дневниот весник „Вест“ и негов основач, Горан Михајловски, денеска објави дека дознал дека од весникот ќе се бркаат девет вработени, поради тоа што го лакнувале неговиот сајт „Сакам да кажам“.
Еве што напиша Михајловски:
Дами и господа од МПМ,
Дознав дека ќе бркате девет луѓе од ВЕСТ затоа што лајкувале статуси на www.sakamdakazam.mk или сте ги виделе дека пијат кафе со мене.
Бидете доблесни и признајте си го неуспехот што ви го донесе новиот кадар во уредувачкиот тим.
А тоа што вашите новинари лајкуваат на Фејсбук теми од друг медиуми е само доказ дека не можат да си ги лајкнат во својот медиум затоа што не смеат да ги објават.
А јас ќе продолжам да пијам кафе и со тие што нема да ги избркате бидејќи со некои од нив сум живеел и работел повеќе од 20 години и колегијалноста преминала во пријателство. Со многу од нив и децата заедно ни растат.
Срдечен поздрав,
Горан Михајловски