Михајловски: Комората не смее потпадне под политиката, а адвокатите да не се ценат според клиентите

by Фокус

Адвокатската комора не смее да потпадне под влијание на политиката, таа е независна институција чија независност е гарантирана со Уставот, порача новиот претседател на комората Љубомир Михајловски – Џанго, кој беше избран синоќа во Струга.

-Имаме многу случаи каде еден адвокат брани одредени странки коишто го инволвираат во политика, но неосновано го инвлолвираат затоа што кај нас народот е склон да ете така според клиентите ги цени адвокатите – рече Михаловски, кој е поранешен директор на царината и министер за внатрешни работи во влада на СДСМ.

Тој најави дека приоритет ќе му биде остручувањето на адвокатите, кои, според него, треба да дадат голем придонес во реализиција на новите рефорски закони.

Поврзани новости