Иванов побарал поддршка за почеток на преговори со ЕУ, Радев го поздравил учеството на македонски војници на парада во Софија

by Фокус 17:47
17:47

На денешната средба во Дојран меѓу македонскиот и бугарскиот претседател, Ѓорге Иванов и Румен Радев, било разговарано за продлабочување на одличните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог, за интегративните процеси на Република Македонија и беа разменети мислења за актуелните предизвици во регионот и во Европската Унија, соопштија од кабинетот на Иванов.

„Претседателот Иванов изрази надеж дека Република Бугарија како актуелен претседавач со Европската Унија, по добиената позитивна препорака од Европската Комисија, ќе продолжи да ги поддржува македонските интегративни процеси, особено за одредување на датум за отпочнување на пристапните преговори“, стои во соопштението.

- Advertisements -

Него него се наведува дека Радев изразил задоволство од учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија на воената парада во Софија.

Поврзани новости