Актерот, Јовица Михајловски, кој го глуми познатиот карактер чичко Кумплунг во легендарниот македонски филм „Самоуништување“, на својот фејсбук профил му се обрати на новинарот, Цветин Чилиманов, откако овој ги повика таксистите во Скопје да силуваат новинарка на „Фајненшл Тајмс“ за нејзин твит поврзан со односите на Македонија кон соседите.
Михајловски го потсетува Чилиманов како заврши ликот кој го глумеше во 1996 година.
„Овој Цветин, што го бербати ликот и делото на чичко Кумплунг, да го потсетам дека Кумплунг заврши во инвалидска количка, токму заради сторените дела на кои сега повикува ангажираниот Чилиманов. Го охрабрувам, тој и сите што го делат неговиот став, до крај да ја споделат судбината на ликот Кумплунг и да завршат на ист начин. За потсетување, таксистот Кумплунг е главен лик од играниот филм САМОУНИШТУВАЊЕ. Веројатно насловот му послужил како инспирација, во исполнување на неговата света мисија. Со среќа, чичин!“, напиша Михајловски.
Овој Цветин, што го бербати ликот и делото на чичко Кумплунг, да го потсетам дека Кумплунг заврши во инвалидска количка,…
Publiée par Jovica Mihajlovski sur Mardi 2 octobre 2018