439
Хоспитализираниот мигрант суспектен на мајмунски сипаници кој вчера беше повреден во сообраќајната незгода на патот Гевгелија-Демир Капија е негативен.
Како што истакнаа од Комисијата за заразни болести на денешната прес-конференција, сомнителниот случај од Кичево одбил да се тестира.
Александар Петличкоски објасни дека немаат како да го натераат да се тестира, но воедно додаде дека остварен е контакт со неговото семејство преку епидемиолог.
-Здравјето е колективна, но и индивидуална обврска – рече тој, посочувајќи дека во случајот со мајмунски сипаници нема простор за паника како со ковидот.