Дел од економските мигрантите кои сакаат да влезат од Грција во Македонија, денеска протестираат на границата барајќи да бидат пропуштени кон европските земји. Протестираа голи од половината нагоре со натписи „Застрелајте не, но назад не се враќаме“ и „Отворете ги границите“, а неколку од нив си ги зашија усните со игла и најлонски конец.
34-годишниот Хамир од Иран, кој го одбра екстремниот начин на протест, рекол дека сака да оди во било која слободна земја, бидејќи ако се врати во неговата ќе биде обесен. Сепак, поголем дел од економските мигранти кои претежно доаѓаат од Иран, Курдистан и Пакистан, се вратија во прифатниот центар во Идомени во Грција. На граничната линија со Македонија останати се околу 50 мигранти и наголемиот дел од нив протестираат на мирен начин.
Министерството за внатрешни работи донесе одлука да врши селекција при пропуштањето на бегалниците, односно да ги пушта да транзитираат низ Македонија само оние кои доаѓаат од земјите каде има војни, а не и економските мигранти.