Мигрантите ќе имаат право на 72 часа легален престој во Македонија

by Фокус

На дневен ред на Владата, денеска ќе се најдат измените на Законот на азил, со кои се предвидува мигрантите кои илегално ќе влезат во земјава, да имаат право на 72 часа легален престој. За ова време тие ќе треба или да ја напуштат Македонија или пак, да добијат решение за азил.

За да го добијат ова право на 72 часа легален престој, мигрантите ќе треба да се обратат до било кој полицаец кој ќе го сретнат или пак во прифатниот центар во Гази Баба.

Овие измени на Законот кои се предвидуваат, следуваат откако во јавноста се актуелизираше нехуманиот третман на миграните во Македонија и лошите услови со кои тие се соочуваат во Центарот во Гази Баба. Некои медиуми објавија и наводи дека мигранти се киднапираат и од нив се бара да платат за да бидат пуштени на слобода.

Поврзани новости