370
Илјадниците бегалци кои утринава тргнаа од кампот Идомени на грчка страна, фрлаа кон полицијата со тврди предмети и ја корнеа оградата обидувајќи се да влезат на македонска територија.
Македонската полиција со солзавец ги растера стотиците мигранти од пограничната линија со Грција.
Грчкиот весник “Антена“наведува дека група бегалци се обиделе да ја поминат границата и да влезат во Македонија, а неколкумина биле повредени.