408
Жителите од поплавените подрачја од утре ќе можат да се пријават за да добијат авансна отштета од 500 евра.
Министерството за финансии денеска ги повика лицата што биле евидентирани од страна на Комисијата за проценка на штети да дадат известување во која деловна банка сакаат да им се исплати паричниот надоместок.
Иисплатата на средствата ќе се изврши во готово, на шалтерите на онаа деловна банка за која лицето ќе се определи. Банките ќе ја вршат исплатата врз основа на документ за идентификација – лична карта или патна исправа.
Жителите можат да се пријават на следните телефони: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743 и 02/3255-742.
Пријавувањето може да го вршат утре и задутре од 9 до 17:30 часот, а во понеделник од 8:30 до 19 часот.