560
Најавената чистка, која ја најави премиерот Зоран Заев, се очекува да се случи пред летните одмори, кога ќе биде предложена реконструкција на Владата.
Се очекува први на удар да бидат неколку министри, а засега се шпекулира со министерствата за култура, за животна средина, за локална самоуправа, министрите од економската сфера и привлекување странски инвестиции.
Но, според најавите, метлата ќе „заигра“ и во неколку јавни претпријатија, бидејќи се очекува смена и на директори и раководители. Освен кај државните, ќе има промени и кај партиските функционери, како на централно така и на локално ниво. Сите промени ќе стартуваат по претседателските избори.