Заев: Граѓаните не се задоволни од функционерите кои станаа од „големото добро утро“, а не знаат добар ден да кажат

by fokus

Премиерот Зоран Заев на вечерашниот митинг во Тетово рече дека знае од кого граѓаните не се задоволни и зошто изгубиле дел од гласовите.

-Дел од граѓаните не се незадоволни од централната политика и од договорите со Грција и Бугарија или рамковниот договор, туку од оние функционери кои станаа од големото добро утро, а не знаат ни добар ден да кажат, но пораката е примена и ќе има промени, рече Заев.

Тој се осврна и на резулатот на опозицијата и рече дека ако опозицијата беше добра ќе напредуваше во бројот на гласови, но тие паднаа надолу.

Поврзани новости