Премиерот Зоран Заев, по синоќешната седница на централниот одбор на СДСМ, истакна дека уште најмалку тројца министри ќе бидат сменети.
-Ќе бидат повеќе министри. Бројката не ја кажувам. Имајќи во предвид дека досега се променети шест министри, култура, правда, образование, и тројца без ресор, јас сум блиску до вкупната бројка од 1/3, што значи, ќе одиме со избор на Влада. Ова значи дека ќе има повеќе од тројца министри. Кога ќе ги донесеме одлуките за новите, ќе ги кажеме и кои се министрите кои ги разрешуваме, рече премиерот Заев.
Министер повеќе нема да биде и Љупчо Николовски кој е поставен за нов генерален секретар на СДСМ, на местото на разрешениот Александар Кирацовски, а Заев им се заблагодарил и на организациониот секретар Миле Зечевиќ, и на Дане Талевски за меѓународни работи. Лидерот на СДСМ рече дека на претседателските избори граѓаните им испратиле кристално чиста порака.
Александар Кирацовски, сите шест потпреседатели на СДСМ – Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски, потоа координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, Миле Зечевиќ како и целиот Извршен одбор.