МЕТЕО: Потопло време, но со услови за слаби локални врнежи

by fokus

До крајот на денов во нашата држава ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди. Особено на запад, север и на североисток ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, на високите планини ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец кој локално ќе биде засилен по интензитет.

Во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот во северозападен, максимлните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност а ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд, на планините снег.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Малку потопло се очекува да биде во крајните југоисточни предели. Одсега гледано, повеќе врнежи и во поголем дел од државава се очекуваат во петок.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости