498
Албанскиот претседател Илир Мета изрази незадоволство од лидерот на владејачките социјалисти Еди Рама, но и од челникот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша, истакнувајќи дека доколку го послушале „земјата ќе била многу подобра“.
– Моја цел беа сеопфатни избори. Спроведувањето избори без опозиција беше лудило. Доколку ме послушаше опозицијата ќе беше многу добро и за неа и за земјата. И Рама ако ме послушаше, ќе беше подобро и за него и многу подобро за земјата – вели Мета.
Тој додава дека опозицијата згрешила со потегот да ги врати пратеничките мандати, бидејќи, како што рече, тоа било силно делување без преседан и без никаков одиум во Брисел.