Арсовски: Со сомнителни писма без печат и потврден потпис не можат да се пренесат предметите на СЈО

by Фокус

На дело се случува рушење на правната држава и правниот систем, со цел Зоран Заев да создаде нова Катица на местото на Катица Јанева и на тој начин да продолжи прогонoт против политичките неистомисленици, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не постои одредба во законот со која може предметите да се пренесуваат туку така на Јавното обвинителство, уште помалку кога носителот на претходните надлежности, Специјалната обвинителка Катица Јанева, е во притвор и со сомнителни пола куцани, пола рачно пишувани писма, без печат и непотврден потпис, ги предава на некоја друга важна институција од ваков ранг. Вака ни бавча за садење не се пренесува во надлежност, а не пак обвинителски акти – истакна Арсовски.

Тој се повика и на членот 60 од законот за Јавното обвинителство според кој е предвидено јавниот обвинител да се оддалечи од вршењето на функцијата додека се наоѓа во притвор.

-Не може правните вратоломии на Заев, без ново законско решение, да создаде нова продолжена маша за политички уцени од една страна, но и амнестија на криминалите на оваа власт што во моментов ги прави од друга страна – посочи портпаролот на ДПМНЕ.

Поврзани новости