Албанскиот премиер Еди Рама во првата реакција по силниот земјотрес што ја погоди земјата оценува дека ова е драматичен момент, но оти заедно ќе се справат со него.
„Ова е драматичен момент, треба да ја зачуваме смиреноста, да бидеме еден до друг и заедно да се справиме со состојбата. Ние ќе сториме се и со нашите големи пријатели ќе ја надминеме оваа ситуација. Храброст! Трпение! Солидарност,“ напиша Рама на Фејсбук.
Има и жртви, па затоа Рама додава дека целата држава е на нозе.
„Од силниот земјотрес има сериозни последици и, за жал, загубивме животи. Сите државни структури се во функција уште од првите моменти по потресот. Интензивно се работи на неколку фатални места во Драч и Туман за да се спаси секој можен живот, наведува Рама,кој од рано утринава е во Драч.
Албанскиот претседател, Илир Мета и лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша, изутринава пристигнаа во меноста Тумана, кадешто силниот земјотрес предизвика голема материјална штета.
„Многу драматична ситуација. Се прават напори да се извлечат луѓето од под урнатините. Посакувам да нема многу жртви. Нека секоја институција ја заврши својата работа “, рече Мета, кој беше и во локалната болница.
Според албанскиот Институт за сеизмологија, во период од четири часа регистрирани се повеќе од 100 потреси.