Затворен аеродромот во Тирана, нема да работат ниту училиштата

by fokus 09:09
09:09

Аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана е затворен поради огромно оштетување на терминалот по земјотресот што ја погоди Албанија рано утрово.

Локалните медиуми јавуваат дека денеска не работат ниту училиштата.

- Advertising -

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 300 луѓе се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер што рано утрово ја погоди Албанија.

Поврзани новости