Во Македонија има вкупно 37 регистрирани цивилни воздухоплови, стои во регистарот на впишани воздухоплови на Агенцијата за цивилно воздухопловство, последен пат ревидиран на 13 март, оваа година, објави Мета.
Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека го проверува имотот на функционери и на фирми, откако пратеникот во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на својот фејсбук-профил објави документ испратен до Агенцијата за цивилно воздухопловство, со кој СЈО бара од Агенцијата информации дали Милошоски поседува или поседувал воздухоплов.
Во регистарот на впишани воздухоплови го нема името на Милошоски, пренесува Мета.
Од она што може да се види, меѓу регистрираните летала се владиниот „Лирџет“, потоа два „пајпери“, едниот на име на белградската фирма „Њу ејџ инвестмент“ (New Age Investment), а другиот на „Транс Интер ДОО“.