Преговорите на Белград и Приштина се распаѓаат, смета специјалниот пратеник за дијалог

by Fokus

Специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина во администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ричард Гренел денеска оцени дека преговорите меѓу Белград и Приштина пропаѓаат бидејќи Стејт департментот договара со Европејците, што резултира со малку акција и изрази уверување дека во овој процес е неопходно водството на САД, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервју за РТС, Гренел оцени дека кога водството ќе им се препушти на Европејците, многу се зборува, а малку се дејствува  и посочи дека е неопходно „американските лидери да поведат“ и да ја имаат довербата од двете страни.

Тој го означи косовскиот премиер Албин Курти како „некој кој ги отфрла сите идеи и оти не од корист во оваа ситуација“.

– Тој ја отфрли секоја идеја понудена од Американците. Сега ги отфрла и идеите понудени од Европејците. Дури и администрацијата на Бајден мора да го критикува. И мислам дека тој не му служи на својот народ. Тој не помага во оваа ситуација. Ни недостасува (Хашим) Тачи деновиве, изјави Гренел.

Поврзани новости