Албанскиот претседател Илир Мета и премиерот Еди Рама ја честитаа победата на Џо Бајден за претседател на САД, како и на потпретседателката Камала Харис.
Мета на Твитер напиша дека на „зајакнувањето на врските меѓу албанското и американското знаме треба да се гледа како приоритет“.
– Честитки за Џо Бајден и Камала Харис за нивната победа на изборите во САД 2020 година. Приоритет е соработката со новоизбраниот претседател Бајден за зајакнување на албанските врски со САД и нашето стратешко партнерство, напиша Мета.
Премиерот Рама истакна дека било привилегија да се работи со претседателот Трамп и неговата администрација, додека победата на Бајден е спектакуларна.
– Беше привилегија и задоволство соработката со претседателот Трамп и неговата администрација и честитајќи му на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден за неговата спектакуларна победа, среќен сум да ја продолжам соработката за зајакнување на нашето стратешко партнерство со САД, напиша Рама.