Се полнат болниците и во Албанија: Се чека еден да почине или оздрави, за да се смести друг пациент

by Fokus

Докторот Илир Алкја од Тирана, кој непосредно е ангажиран во лекувањето на заразени со Ковид-19 побара под итно да се преземат потребните активности за обезбедување болнички кревети, бидејќи поради преполнетите болнички капацитети болните добиваат услуга во амблантни возила.

Во писмото до Комитетот на експерти за справување со пандемијата, тој тврди дека се чека некој да почине или да оздрави за да се смести друг пациент во критична состојба, кој чека пред болниците во возила на брза помош.

– Како лекар од прва линија во борбата со опасниот вирус, ова е моја молба до вас, а ја пишувам во возило за брза помош, чекајќи пред една од ковид болниците во Тирана за да хоспитализирам пациент во критична состојба. Нема празен кревет, а јас и мојот тим ја минуваме ноќта пред болница менувајќи боци со кислород, со цел да го одржиме пациентот жив. Во дворот на болницата има уште неколку амбулантни возила, со пациенти од Тирана, но и од други области, и чекаат со надеж дека некој кој е излекуван или починал да ја напушти болницата за да се хоспитализира пациент, наведува доктор Алкја.

Поврзани новости